Постови

Приказују се постови за 2013

ВКРСТУВАЊЕ

Слика
Точката во која Се згуснува перцепцијата И другите Имаат видливи недостатоци Е истата онаа Во која правиме обид Да ги прошверцуваме своите. Надриуката вели ,,биди помудар од себе си,, Да...но тоа важи Само ако си Таков каков што си Засакан самиот себе одвнатре Со прегратка Која ги обвиткува Километарски броените клетки Фатени за рака Во облик на човек. illustration: Lieke van der Vorst

ПРЕМОЛЧУВАЊЕ

Слика
Позади   ѕидовите од зборови Позади параванот од сите метафори Стои Неизречена возбуда Од првиот земен здив... И стравот Од   драматичниот ,,влез во реалноста,, преку широко отворената вагина. И никој тоа не го кажува, Како се стресол кога излегол од рајот.

КАКО СЕ ВИКАШЕ ТОА

Слика
Трогнатост ли се викаше Тоа Кога ке дојде Нешто невидливо со голо око До градите Ќе ти ги откопча Од првото до третото копче Ќе се мушне под кошулата Под кожата И подлабоко Внатре И ке врти околу срцето Ќе врти, ќе врти Ќе собере се Ќе превтри Ќе дигне во недоглед А на местото Ќе се чувствува загреаност Како од малечко сонце Вградено в оградите И тоа сонце Нема никогаш да зајде Трогнатост ли се викаше... photo: Summer, Afternoon, Home. by ĒTHANEA    

ПРЕПОЗНАВАЊЕ

Слика
Ооо.... Сум, Па ти си тука И одсекогаш си било. Цело време мислев Дека само Јас Тука, Но и ти, сум, си било тука, Заедно Сме минале се. Толку тивко си било Сум Ти си самата тишина Сум Јас бучам Ти тихуваш Сум Едно сме биле. Сум,едно Јас Сум

ЗИМСКА

Слика
    Потемнува небото. Зимски проретчен декор Во глетката. Сиви замаглени слики И голи гранки Наседнати од црните птици... Реже студено по кожата Како гребнатинка од рапав ѕид.. Само што не прокрварело,мислиш, Но неболи Убаво е. Старо кутре околу контејнерот Проверува со носот Дали некој оставил пратка За него. Сосем исушени лисја Се тресат над мојата глава Тврдокорно закачени на своите места. Рој подвижни светла Го започнуваат своето ново Лајт   шоу За оваа ноќ. Маѓепсува Тој редослед на слики И чувството дека некаде Во некоја соба Едно ќумбе Грее за тебе наместо сонцето. Го одложувам За уште пет Уште пет Уште пет чекори... Можам цела ноќ Со денови Со години Можам да ја гледам Подетинето Таа промена На нештата Без да додадам и одзеам И без

САКАМ

Слика
Едно ,,сакам,, Скршено на пола Лепено Со некој слаб лепак Пак скршено И така многу пати Кршено и лепено Додека не се дознало Дека ,,сакам,, Самоодсебе се зацелува Само Кога Тоа Сака. САКАМ  

НА ВИДЕЛИНА

Слика
Со   стара канта од сирење Со одсечен горен дел И рачка од рѓпсан тел Ја вадеше баба ми бавчата Насадена со лути и благи пиперки Розов патлиџан Магдонос Нане Цвекиња И сенешто И јас таму Научив да копам И копам до ден денес По себе си Некогаш со денови Ме нема во свеста Од многу копање Ми се заарнува во подсвеста Па еве од таму Го ископав и ова Со бавчата на баба ми  

КАКО ДА СЕ ИЗЛЕЧИШ ОД КОМПЛЕКСОТ НА ПОСЕБНОСТ

Слика
  Земи празна чаша И напиј се Постви ја масата И јади од празен прибор Облечи си Замислена облека И оди во место Како да одиш некаде Седни на столче Замислено стави го појасот И летај со авион Ти си никој И ништо не правиш Се што мислиш дека се случува Е само твоја замисла И тоа на сите им се случува Ти не си ништо посебно Само СИ   illustration:Daria Petrilli  

ТОПЛА

Слика
Зима Зелка Суви пиперки Снег Чад Чај Човек со шал Шубара Капут Капки на прозорец Трошки Пиле Топло околу срцето Ќумбенце.   илустрација: Евгения Гапчинская

ВЛЕЗИ ВНАТРЕ

Слика
Измилслен е сад Во кој Се матно Станува јасно Тој сад Собира бескај И сместен е внатре во човекот.     photo: joe nigel coleman

НА ДНОТО ОД НЕБОТО

Слика
Дното е луксуз кој треба да биде дофатен макар и со врвовите на прстите, за да се оттурнеш кога стремиш кон небото. А кога стремиш Секако си на дното. А кога си на дното секако ке бидеш искачен. А кога си искачен секако дека си бил на дното. А кога си Си, Каде и да си.    

ЗЕМЈАТА Е ТРКАЛЕЗНА

Слика
Го видов Како оди лево, Свртев десно. Ќе се сретнеме еднашзасекогаш  

ВО ЕДЕН ЗДИВ

Слика
Вдиши... Кога мислиш Дека нешто се случува, Ништо не се случува И се што треба Да се направи Е ништо да не се прави Издиши.....  

ТЕ ИМА НАСЕКАДЕ

Слика
Тапета од сенки на ѕидот и твојата силуета на минување фатена во декорот на оваа променлива слика на попладневна радост и игра со светлината.

МЕТАМОРФОЗА

Слика
Што се случува во овој наш универзум додека јас се ослободувам од грдиот плакар, што прави некој шеик со бел долг фустан н еколку жени во харемот А што прави една африканка со метален гердан кој и го издолжува вратот А претседателот на некоја светска сила дали спие мирно во своите шарени пижами покрај сопругата со ботокс во образите. И што ќе правам јас кога ќе ги фрлам сите непотребности од мене ? … ќе остане празен простор желен да го оформам според себе си.  

ОТИ СУМ ДЕТЕ

Слика
Ја играш играта Без да те брка стравот Оти никој нема да те игра Ако навистински си играш. ... ....нема сеќавање, детството сеуште трае..... Голем си оти си мал. Кроиш мапи Како да стигнеш До врвот на највисоката планина за да го допреш небото. Мижиш пред сонцето За да ти ги скокотка Очните капаци И имаш смелост Да се погледнете во очи Со него На заоѓање. Упорно го носиш Чорапот со дупче За да го пуштиш палецот Да те ѕирка Кога си сам... Оти сум дете....ете.  

МАГИЧНА

Слика
Врз посмртните останки На сите мои генијални идеи Фрлам пепел И семе За нови проблесоци Кои ќе никнат врз гнилежот Од тие кои пропаднаа Како залог за плодна почва И удвостручување на родот на новите-идеи И Би...светлина...

ЧОВЕКОТ Е УНИВЕРЗУМ

Слика
(Man is a universe within himself We are all made of stars) Еден универзум со сонце на челото заљубен самиот во себе блешти светлина и обземен од таа радост прска хармонии насекаде, што ние ги гледаме како ѕвезди, а тој ги гледа како луѓе и ги вика ,,јас,,... Еден универзум самиот се огледува во себе си секогаш одново неповторливо во мене во тебе во него.                                                                                           Brendon Burton - We Are All Made of Stars

ВЕТЕР Е ДУШАТА МОЈА

Слика
Овој ветер кој дува е душата моја која патува каде сака, и ги меша лисјата на аголот од мала уличка, крај жолта куќа со број 20, како мислите во главата.... А потоа се има ред.. Тие лисја стануваат гнилеж и храна за земјата и пак лисја, а јас ветер кој дува лисја на аголот од мала уличка, крај жолта куќа со број 20... до недоглед дува движи ветер до недоглед

КАКО ЈА УБИВ МОЈАТА ПРВА ЉУБОВ

Слика
Како? Така Што и зарив нож, ... Длабоко во срцето, Ја жртвував, Верувајќи дека само така Ќе трае вечно .......................... .............. Болката................... ......... траеше...... Се додека.................... ......... Не се отвори вратата................... . На Љубовта...... Која си простува себе си за сопственото самоубиство..... illustration by:Christian Schole  

ШТО БЕШЕ - БЕШЕ

Слика
Кога сум еднина, осетив страв скриен, дека тоа поминува и пак ке се расстројам  и ќе ме фати очај, го фатив тој страв како ми лази под кожата како морници, невидлив за голо око, освестен под микроскопот на будниот внатрешен станар на ова тело цело кога е, со се едно, вода воздух земја оган, бели облаци кога пловат на сино небо, на ветер плови свежина, милина. И тој, стравот, тука седнат чека да скокене на вратот мој и да ме стегне... Му реков дај да се разбереме ко стари пријатели и непријатели јас се пуштам, ти прај што знаеш со себе,со мене....без мене.... Рече стравот Страв ми е Без глас ,рече.... и нешто друго може рече Не го чув Не го слушам Кој беше, што беше-беше Што беше-помина                                          

ПИЛЕ

Слика
Сега не е утре и сега не е вчера, сега е тука овој мирис, од жегата и силното испарување, оваа музика што се меша со штурците, гласовите на деца кои играат и баба која го довикува своето внуче, мракот кој се спушта, стегањето во пределот на градите, што го викаат болка, пу Ана,пу за мене,пу за сите, криенка-миженка, диши-издиши, залутана пеперутка која кружи околу лустерот јас-клопче во аголот на каучот што ги плете мислите и расплетува, плети-расплети плети-расплети плети-расплети ........................... Вчера поминало утре не дошло, а тоа што притиска во градите и што го викаат болка, ќе го прекрстам во ,,пиле,, и ќе го пуштам да летне.

Вон зборовите

Слика
Зборови запишани на стар возен билет на релација од некаде до некаде кој знае каде и кога и зошто, се заборавено... Запишаните зборови ги запаметиле чувствата на некое заборавено време. Како сок за растварање чувствата ја обојуваат сегашноста толку силно што собата станува црвена како сок од малина. Во тој обоен простор од чувства, се враќаат сликите запишани во зборовите. Кој не ја знае моќта на зборовите, нека молчи. Кој ја знае моќта на зборовите, нека молчи. Кој молчи нека не кажува зошто молчи. Тајната е скриена вон зборовите.

ДЕВОЈЧЕТО

Слика
Многу паметно девојче беше, бубалка. Што му стана, нешто и штракна во главата... Тоа од читањето, од книгите и е.. забега... Аман,аман... отиде со умот.... верува во чудни работи, подетинува, се смее многу често. Само за некои ,,убави мали нешта,, зборува, ко ќора да е, ко да не гледа. Во кој свет живее... Не мисли лошо или не обрнувај внимание на тие мисли кои те немират. Е ајде де сега, што и е? Луѓето умираат, ај седи мирен да те видам. Не ...не итно и треба помош лечење... не е здраво... Од кај и е бе таа причина за радост? можела да седи на ветерот и да ужива како да е на море... Како па да не, болни фантазии. Луѓе гладуваат таа лета со умот. Сонцето правело шари од сенки и светлинки на ѕидот низ ролетните ветерот ја движел таа слика.... во  летното пладне мирисало на лубеница.. Да бееее, нема грешка, светот тоне, ние ќе гледаме во сенките на ѕидот Не.... девојчето целосно отишло... господ напомош... иде крајот... тоа е знакот...

ЗЕН-ЛУСТРАЦИЈА

Слика
Секој ден пред совеста ги изведувам сите лица на неговото височество егото, кое блешти од ефекти на огледала. Тешко крај да му фатиш ако редовно не лустрираш се и сешто што се покажува на екранот на свеста, од оние најнаивните ликови до оние најстрашните. Има побуни и стравови тешки има. Во тие мигови црвенкапче во устата на волкот ја гледам, Франкенштајн, Дракула и баба-роги многу има... Ама затоа, момент потоа ги ставам нозете на столче додека седам на балконот дишам гледам во зелено и единствено на кое мислам е: дали да ставам босилек во салатата и која од трите праски да ја изедам. * Lustracija ( lat. lustratio od glagola lustro – rasvijetliti) [1] izvorno je pojam iz starorimske religije koji je označavao obredno čišćenje od grijeha, ispitivanje savijesti i pomirenje . [1

ЖЕНАМАЖ

Слика
Двапати имам пробано да бидам машко во раните години. Еднаш мочав стоенката и еднаш се бричев со затворена бричалка, на татко ми. Си имам замислувано и желба на трепка ху-ху да бидам маж на пет минути за да видам како е. Многупати несакав да сум жена. Викаше баба ми: "кога се раѓа женско и стреите плачат".. Но кога несакав да сум жена, несакав ни да сум маж. Маж не ми беше замена  за ,,недостатоците на жена,, Тогаш воопшто несакав да сум. Маж не ми менува жена ни жена не ми менува маж. Не ми стојат наспроти. Маж и жена ми се заедно, секогаш едно. Кога сум, сум. И жена и маж сум. Кога не сум, не сум. Бидувањето е или не е. photo: David Bowie as Tilda Swinton, with Tilda Swinton as David Bowie by Jeff Cronenweth

ЕВЕ ГО

Слика
Не повеќе Од   тоа да си следиш Како си зори,мугри,утри Како си пладнува Како си полпладнува Kако си квечери Како си заноќува Како клопчето од бело во црно се замотува.... И еве го Најдено она што не е ни изгубено.....

ЗНАМ

Слика
Добро, знам. Се знам. Знам дека ова ќе помине, дека поминуваат и убавите и неубавите нешта поминуваат. Дека нема разлика, и дека се едно е. И знам дека понекогаш боли и дека и тоа ќе помине, знам. Дека се ова овде Е привид, кој ке мине и дека непријателот не е однадвор, знам. Дека сето е одвнатре, од природата на умот, како во филмско студио, во кое се проектира   различни филмови. Знам. Знам дека тој создава реалности Во кои ние се нарекуваме себе си-јас, додека не сватиме дека сме заробени. И знам дека секој обид да се излезе од таа замка се чини невозможен, знам. Зошто тој ги има сите сценарија и контра сценарија и дека ја контролира оваа заложничка драма која самиот ја создава. Знам и дека љубовта е клучот , со кој се отвараат вратите на срцето каде влегува преплашениот ум да види дека нема заговор против него. И дека таму целиот бива стопен во едното, знам. Се знам. Но се додек