Постови

Приказују се постови за март, 2014

ПОГЛЕД ПРЕКУ СТОМАКОТ

Слика
          Кога сум гладна,навечер, Месечината ми личи на пица Парче или цела, Зависно во кој квартал е. А кога сум сита Геврекот го гледам Како универзум Кој   exnihilo Ме најадува Ѕиркајќи низ дупката Како одново се создава. Замислувам како мириса   препечениот сусам Баш сега кога и давам предност На природната свежа храна. Да,секоја и чест Само она кутивче со спомени Во фиокарот   на мојот ум Утрово падна И се истурија сите   слики со рецепти Сеќавања и вкусови Така што и да не сакам Знам дека ќе ме разберете Оти, Гладот е хронична состојба Која не се лечи ниту со Пица голема како месечината А   ситоста пак не е ни ситост Туку СЕТОСТ Која   геврекот го гледа Само како Совршена форма.  

Од перспектива на едно

Слика
          (обратна перспектива)   Се оддвоив од сите. И од сите слики за себе се оддвоив. И се видов од онаа страна. И сите ги видов. И се беше едно. И самиот гледач беше едно.      

ВЉУБЕНИЦИ

Слика
(предсократовци пред и по Сократ) Чест ми е да ви соопштам, Луѓе Едно мое сознание, Дека дедото на Сократ Е и наш дедо. Тој имал обичај Да се загледува во небото Со подотворена уста и втренчени очи, И да извикува восхитено. Со саати гледал во огнот, А грутката земја ја бакнувал, Вдишувал со цела плуќа И издишувал Благодарност... После дошол татко му на Сократ Кој бил исто така надарен восхитник И благодарник. Врз сето тоа наследство Од изречени благодарности И воскликнати воздишки Дошол Сократ Кој се удостоил да го испие отровот Како чаша еликсир Знаејќи дека по него Ќе се раѓаат уште безброј такви Како дедо ми Ордан овчарот Кој додека ги пасел овците И свирел со шупелчето Во друштво на славеите Си мирисал росна трева И си ги галел ливадите со млади пупки и цутови и ете после татко ми расен вљубеник во животот јас внуката на Сократ и Ордан и вие кои саноќ зјапате во небото и ја бележите месечината ка