Постови

Приказују се постови за јун, 2013

ЖЕНАМАЖ

Слика
Двапати имам пробано да бидам машко во раните години. Еднаш мочав стоенката и еднаш се бричев со затворена бричалка, на татко ми. Си имам замислувано и желба на трепка ху-ху да бидам маж на пет минути за да видам како е. Многупати несакав да сум жена. Викаше баба ми: "кога се раѓа женско и стреите плачат".. Но кога несакав да сум жена, несакав ни да сум маж. Маж не ми беше замена  за ,,недостатоците на жена,, Тогаш воопшто несакав да сум. Маж не ми менува жена ни жена не ми менува маж. Не ми стојат наспроти. Маж и жена ми се заедно, секогаш едно. Кога сум, сум. И жена и маж сум. Кога не сум, не сум. Бидувањето е или не е. photo: David Bowie as Tilda Swinton, with Tilda Swinton as David Bowie by Jeff Cronenweth

ЕВЕ ГО

Слика
Не повеќе Од   тоа да си следиш Како си зори,мугри,утри Како си пладнува Како си полпладнува Kако си квечери Како си заноќува Како клопчето од бело во црно се замотува.... И еве го Најдено она што не е ни изгубено.....

ЗНАМ

Слика
Добро, знам. Се знам. Знам дека ова ќе помине, дека поминуваат и убавите и неубавите нешта поминуваат. Дека нема разлика, и дека се едно е. И знам дека понекогаш боли и дека и тоа ќе помине, знам. Дека се ова овде Е привид, кој ке мине и дека непријателот не е однадвор, знам. Дека сето е одвнатре, од природата на умот, како во филмско студио, во кое се проектира   различни филмови. Знам. Знам дека тој создава реалности Во кои ние се нарекуваме себе си-јас, додека не сватиме дека сме заробени. И знам дека секој обид да се излезе од таа замка се чини невозможен, знам. Зошто тој ги има сите сценарија и контра сценарија и дека ја контролира оваа заложничка драма која самиот ја создава. Знам и дека љубовта е клучот , со кој се отвараат вратите на срцето каде влегува преплашениот ум да види дека нема заговор против него. И дека таму целиот бива стопен во едното, знам. Се знам. Но се додек

КОГА НЕ МИСЛАМ

Слика
Понекогаш мислам дека сум збор вселен во тело, ни маж,ни жена... Понекогаш мислам дека тој збор е тишина... понекогаш, кога не мислам. photo: Ashes and Snow-- Gregory Colbert

МЕЧТАЕЊЕ.....

Слика
Мечтаење уште во првите тетратки испишани со полжавчиња и коси линии. Мечтаење во погледот фрлен меѓу две жици на бандерите, во чекалната за воз, во пет минути пред спиење, во соништата мечтаење. Мечтаење во точката на загледаниот поглед, во скршените садови за миење, во дремката за време на долгите предавања, меѓу полиците во библиотеките, во мирисот дојден однекаде, во потсетникот со телефонски броеви,адреси и родендени, во кутивчињата со свиткани ливчиња, школки од море и малечки фотографии, мечтаење... мечтаење.... Мечтаење во малите промени во распоредот на куќните предмети, во лавандата ставена во плакарот, во воздухот кој влегува преку прозор додека возиш, во сите празни куфери, во зачуваните билети, во прстот ставен на слепоочницата, мечтаење.... мечтаење..... мечтаење.... Мечтите се остваруваат...

ПОНЕКОГАШ НЕШТО НЕ ЗНАЕМЕ....

Слика
Да потполниме формулар да патуваме со авион да зборуваме странски јазик да продадеме да излажеме да ги читаме стрелките на часовникот да мачкаме лепче да врзуваме врвци да зашиеме копче да преминеме преку улица да разликуваме лево од десно јуни од јули.... Незнаеме како се движат облаците како летаат птиците како се стасува на друга планета.. Незнаеме дека сме убави дека не сака оној кој го сакаме дека е овде она кое чекаме да дојде. понекогаш-засекогаш понекогаш-понекогаш понекогаш-никогаш понекогаш-изговор понекогаш-одложување понекогаш-сега сега-секогаш. illustration,Catrin Arno