ЗНАМ


Добро,
знам.
Се знам.

Знам дека ова ќе помине,
дека поминуваат и убавите
и неубавите нешта поминуваат.
Дека нема разлика,
и дека се едно е.
И знам дека понекогаш боли
и дека и тоа ќе помине,
знам.
Дека се ова овде
Е привид,
кој ке мине
и дека непријателот не е однадвор,
знам.

Дека сето е одвнатре,
од природата на умот,
како во филмско студио,
во кое се проектира  различни филмови.
Знам.
Знам дека тој создава реалности
Во кои ние се нарекуваме себе си-јас,
додека не сватиме дека сме заробени.
И знам дека секој обид
да се излезе од таа замка се чини невозможен,
знам.
Зошто тој ги има сите сценарија и контра сценарија
и дека ја контролира оваа заложничка драма

која самиот ја создава.
Знам
и дека љубовта е

клучот ,
со кој се отвараат вратите на срцето
каде влегува преплашениот ум
да види дека нема заговор против него.
И дека таму целиот бива стопен
во едното,
знам.
Се знам.
Но се додека знам,
Jас сум умот,
знам.










  
photography by Abelardo Morell

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa