Постови

Приказују се постови за октобар, 2012

ЗАМЕНА

Слика
Луѓето сакаат да одат на Месечината. Во растргнатост меѓу копнежот и неможноста, одат да ги гледаат големите Молови. Архитектите на виртуелната реалност, секавично брзо смислуваат замени кои го истиснуваат првиот импулс за истражување. Таму секогаш има нешто кое неможеш да го имаш -наместо копнеење. Секогаш си мал -наместо растење. Секогаш си еден од другите- -наместо припаѓање. Во очите на жената, која ги бришеше нашите стапки од белиот под, ја видов можноста да се гледаме во другиот како во огледало, додека се статира во големото филмско сценарио. p.s. Јас не сум ,,критичар на своето време,, Јас сум надвор од времето.... ГЛЕДАМ photo by  Mirror House by EKKEHARD ALTENBURGER

ФРИЗЕРСКО ЛУДИЛООО

Слика

...НЕМА ДРУГО

Слика
Си разменуваат неми погледи минувачите на кејот, секој е она што слуша. Emy Winehouse  е жива...засекогаш, стоп-заклуч. (во моите слушалки) Вртат вртат вртат тркалата на совршената машина под небото... Очите се камера која го снима  филмот ,,живот,, Во него, се капат  вечерните светилки  во реката, а месечината им прави друштво. Облаците патуваат без цел губрјќи се во мракот. Проста убавина  се шири на сите страни поаѓајќи од срцето. Нема друго  освен  ОВА што трае вечно. photo:China on Wheels - Reflections Walking the streets of Shekou, Shenzhen, China. LEONARDO CORREA LUNA

ВО МОЈАТА ГЛАВА

Слика
Некој во мојата глава кажува што мислат другите. Некој во мојата глава се лути на тоа кажување што мислат другите. Верува дека навистина тоа го мислат другите. Некој во мојата глава налутено мисли за другите, им враќа со луто мислење. Некој во мојата глава притиска. Некој...се вика Отпор И не е ,,другите,, Некој кој не е ,,другите,, и ми кажува што да мислам во мојата глава .... (или незнам каде е тоа што се вика,,мојата глава,,) ... Некој е самоизмислен отпор, Заради страв, Кој исто така е самоизмислен. Се е измислено. Просто,кули во облаци... Не постои ова, кое се утврдило како конечно мислење и се вика..ЈАС. p.s.посветено на сите кои се викаат Јас...

ОД ПОЧЕТОК

Слика
Да се преживее смртта. Да се почне од почеток. Да се прочита своето име на некролог, со леснотија. Да се погледне на минатото како на празен лист. Да се истресат соништата од перниците. И да се спие буден. Да се гледа, Во замижаност И во мрак. Да се види, Видливото и невидливото Да се биде. Сега. Олеснет од сите сеќавања,  Истории и митологии, Предвидувања и планови. Се да се погребе. Да се почне од непрестанливото, од почеток. Без обид. Без напор. Да се продолжи. Да се слева. Да се тече, Со текот. illustration by  alessandro gottardo.

ПРОМЕНА

Слика
Се менува светот пред нашите очи. Јас не сум ваква каква што сум сега. И лисјата овој миг се се помалку зелени. Некој тајно доаѓа и ги бои жолто.... тие паѓаат.... гранките остануваат се повеќе голи. Се менува светот без престанување, ниедна слика не е конечеен одговор на прашањето ,,кој сум јас,, Јазикот се измислува одново секој миг, во секој човек, за да го каже тоа согледување на промената која веќе одминува. И ѕвезденото небо е само мината слика над нас. Се менува светот, не не чека.... да мислиме едно засекогаш, туку не учи да мислиме во движење без цел.... само промена.

ОСЛОБОДУВАЊЕ

Слика
Во мракот среде ноќ, во полусон, се фаќаме за раце, како деца кога поминуваат улица. Ние сонуваме заедно... Кога ми паѓа трепка на образот ти ја земаш и хухкаме по трипати, си замислуваме желби... Дури и кога меѓу прстите трепката ја нема, нас желбите секогаш ни се исполнуваат... Ти ми читаш од твоите омилени весници на глас, јас те учам како се праќа електронска порака, секогаш одново, и на крај  го правам тоа место тебе... Ние разговараме за вечноста, нашите разговори никогаш не завршуваат. Јас ти правам слатки јадења ти ми вариш најубаво кафе на светот. Ме убеди дека ке ја нарушам едноста, и затоа си го сменив презимето. Секогаш се плашев дека ќе се загубам себе си во другиот.. Во тебе ја видов мојата загубеност до крај... Повеќе од ништо не се плашам. http://cristinabarsony.com/illustration/