ПРОМЕНА

Се менува светот
пред нашите очи.
Јас не сум ваква
каква што сум сега.
И лисјата овој миг
се се помалку зелени.
Некој тајно доаѓа
и ги бои жолто....
тие паѓаат....
гранките остануваат
се повеќе голи.
Се менува светот
без престанување,
ниедна слика
не е конечеен одговор
на прашањето
,,кој сум јас,,
Јазикот се измислува одново
секој миг,
во секој човек,
за да го каже тоа согледување
на промената
која веќе одминува.
И ѕвезденото небо
е само мината слика
над нас.
Се менува светот,
не не чека....
да мислиме едно засекогаш,
туку не учи да мислиме
во движење
без цел....
само промена.



Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa