ОД ПОЧЕТОК


Да се преживее смртта.
Да се почне од почеток.
Да се прочита своето име на некролог,
со леснотија.
Да се погледне на минатото како на празен лист.
Да се истресат соништата од перниците.
И да се спие буден.
Да се гледа,
Во замижаност
И во мрак.
Да се види,
Видливото и невидливото
Да се биде.
Сега.
Олеснет од сите сеќавања, 
Истории и митологии,
Предвидувања и планови.
Се да се погребе.
Да се почне од непрестанливото,
од почеток.
Без обид.
Без напор.
Да се продолжи.
Да се слева.
Да се тече,
Со текот.




illustration by alessandro gottardo.

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa