Постови

Приказују се постови за јун, 2012

ДОЖД

Слика
Испаруваат стихови од кожата, невидливи, капки течност кои одат во водухот, горе, во облаците... Ќе врне поезија, наскоро, ќе кажат на вестите.... дека има поројни дождови поезија и дека е направена првата масовна крштевка на дожд.... Исчистени се многу души под дождот од зборови .... Нови луѓе шетаат по ново небо по нова земја.....

КОГА САКАМ НЕШТО ДА КАЖАМ - КАЖУВАМ ЉУБОВ

Слика
Кога сакам нешто да си кажам, тоа и го кажувам на љубовта..... На ливче,на масата, оставив порака... Очекувам да биде прочитана... Скриена сум во плакарот, па под масата, па под каучот... Сакам да сум во утробатаааа....... "забрането за возрасни"-пишува во упатството... Одеднаш, сите се присутни,а јас не се појавувам. Некој ме бара,некој ме бара..... ме довикува.. Го наоѓа ливчето на масата и на глас го чита.... "Љубов....ти си во добри раце....на сигурно"

НЕРАМНОТЕЖА НА ЕПИТЕЛОТ

Слика
Каде, Каде, Каде брзање?..... На таблата за влез пишува ,,сврти-овде-сега,,..... Меѓу жешките напластени слоеви воздух во собава, твоите фрески на ѕидот и алиштата кои додека ги ставам на сушалката се суви... каде да свртам?.... одам ли некаде?.... брзам ли?..... во место ли стојам?.... Каде се продава карта за влез во спокојот? Како во сон во кој забораваш каде си тргнал... Како во јаве во кое мислиш дека си буден , а сонуваш. Целата драма се случува во нашата кожа. И напуштеност И прогонетост И осаменост Можеби тоа е само нерамнотежа помеѓу клетките од епителот оние кои се создаваат и оние кои изумираат.... На таблата за влез пишува ,,сврти-овде-сега,, .....               art by Ikenaga Yasunari

РЕЦИКЛАЖА

Слика
Извиткани чувства од болка, како стуткани,недовршени писма од хартија.... парчиња време и ронки од ручекот под масата. Душевна екологија..... ќе ги собере некој и ке ги однесе во контејнер за рециклажа...... Еко тело на безвременоста. Сегашен момент создаден од експлозивната моќ на согорувањето на отровните остатоци на сентименталноста. Фенг шуи интервенција во естетската интерпретација на боди-перформансот. Collage by Matt Wisniewski using photography by Derrick Leung.

ОВДЕ Е КОСМОС

Слика
Овде патлиџаните се црвени праските сочни дињите медени сонцето влегува без пардон низ прозорците. Некој прави ручек на кујнаската маса и мириса на сецкано кромидче. Овде јас свирам блуз на парце лубеница додека ме лази мува... Овде сосетките на балконот готват и си раскажуваат турска серија Овде редот не се менува со векови за да биде "се е во ред" И баш овде мене ми се откриваат космичките закони... Ги гонам со мислите до некаде, каде испарува невидливо здивот и капките пот од телото. Овде едното  преминува во друго... .....кружи.. ако нека кружи... Давам капки пот само да има дожд.

СРЕЌНО ВРАБОТЕНА ВО ФАБРИКА ЗА МИГОВИ

Слика
Еве еден-сончев, топол,летен, ...се мешаат звуци... крај контејнер баба со торба од пазар... малечко девојче го носи својот татко дома, се враќаат од градинката... другари возат точаци. Еве друг-во дворот седат пријателки пијат кафе... брчи мотор мине ,,старо купувам,, Еве трет-некој бочно паркира кола... девојка со многу високи штикли.... парфем.. дедо преминува улица, мириса на липа... пиљарата полна со плодови. Еве четврт,пет.. еве...точакот се врти и ми прави ветерче, добивам дополнителни дози на воздух... возиме заедно ко едно ми вика да свтам лево(не тоа, другото лево).... подрипнувам од пречникот на тротоарот, за малку ќе се удрам во жена... ми летна весникот од корпа убаво девојче ми го дава.... ветерче ...дишамм...радост...дишамм Еве.... облачиња со приказни... брканица зад аголот или крижи-мижи.. мајка вика дете за ручек... еве....кај да се престане да се слави животот...еве среќа....во фабриката за мигови.

ПОРАКАТА Е ПРИМЕНА

Слика
Замислувам..... како добивам порака во inbox од ,,некој друг,, со содржина која сакам  јас да си ја кажам самата на себе си. Зошто толку кружи пораката..... која е тука, пред да ми ја пренесе ,,некој друг,,. Време и сомнеж ме чини таа поштарина, но на крајот, кога ќе ја добијам пораката ќе познаам дека јас сум си ја пратила.                                            art by  Geninne

СУМ

Слика
Дали сум целосно среќна? Ако сум целосна, среќна сум. Ако сум среќна, целосна сум сум сум.

САКАНА

Слика
Колку пати треба да ми каже некој дека ме сака, за да се чувствувам сакана? Илјада? Милион? Треба да си го истетовира моето име на левото рамо? Треба да нарача летоци од авион или да залепи на билборд? Треба да ми донесе жолти дуњи среде зимо? Да прелета преку седум мориња и седум планини за да ме ослободи? Да ме однесе на плоштадот во некој голем град и среде вревата, колку гласот што го држи, да вика: Александраааа те сакамммм.... колку долго треба да ме држи за рака? ........нетреба ништо. Се сакам себе си.

ЛЕК (лесен)

Слика
Чувството на напуштеност е како капка мастило во чаша со вода. Се е сино. Со болката фатени за рака се растрчуваме низ воздухот.....дишам со затворени очи. Мал ветер од промајата помеѓу двете врати допира по кожата.... Промената е правиот лек на сите болести ако си дозволи човек да ја прими..... Рехабилитација.... на точак, липова аромотерапија навечер, пред спиење, и соништа по можност во бело.                                                                                           Portrait of Christina Rossetti  by #JillianTamaki

ВСЕЛЕНА

Слика
каде отидоа филозофиите за смислата на животот во ова рамниште од сегашен миг недогледлив, бесконечен, сличен на соништата од детството за моето прво стапнување на месечината.... и за чудо јас не сум сама... во тој недоглед.... јас сум.... цела... една... вселена. art by patricia metola

ЖИВОТОТ

Слика
Од каде и да почнеме ќе дојдеме до причините заради кои сите симулакруми се толку идентични со оригиналот. Олеснителни сознанија осветлени од светлината на свеста..... ....како чевел кој после направените плускавци станува најкомотен на свет. Не би го менувала за ништо.... ЖИВОТОТ

МИГОТ

Слика
Да се спакува мигот-спокој, во кутивче, засекогаш и за во секое време е маркетиншки трик, за во зловреме, за недајбоже, за пред луѓе. Ете тоа е замената. Мигот е продукт на сегашноста, со еднократна употреба, без можност за пренесување во иднината. Тој е луксуз на ,,богатите,, кои немат ништо, ниту минато ниту иднина.

БУДЕЊЕ,ДИШЕЊЕ,ОСЛОБОДУВАЊЕ

Слика
Стравот е козервирана храна со која се потхрануваат илузиите кои секојдневно се прикажуваат како ,,реален живот,,. Мала нервна напнатост може да биде добар почеток за правење убаво нешто.... како будење како дишење како ослободување.......

ДРУГОСТ,не ме болиш веќе......

Слика
Кога ќе се сруши светот стрелките на часовникот паѓаат засекогаш. Време нема. Потонат во моментот на безвременост, среде метежот од минато и иднина превртени со главите надолу, СВЕТОТ ПОВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ . Тој се создава на безброј начини секој момент одново, онаков каков што само тогаш Е. .....Другоста повеќе неболи..... оти не постои.