четвртак, 20. децембар 2012.

АВТО-ИНТЕРВЈУ ИЛИ СЕБЕПРЕИСПИТУВАЊЕ

Кој си ти
кој те прашувам?
Кој прашува? и
Кој гледа прашување?
Кој ќе одговара?
Кој е одговорен
за се ова овде
кое се нарекува ,,ЈАС,,?
Тој нека истапи
нека каже
кој кој е и што сака...
Сакам..
Што сакаш?
А смеам да сакам?
Зарем не е тоа забрането?
Сакај што ќе посакаш,
Се ќе ти биде дадено....
Дадено ти е
Земи
Земено е
Имај
Имам
Се
Јас
Кој
Сум.




photo by
Looking Back - Emily Franklin
Camil Tulcan





среда, 19. децембар 2012.

УВЕРЕНИЕ ЗА ЖИВОТ



Сите луѓе се свети.
Само некоја светост
останува
неупотребена доживотно.
Напразно свет....
тој  вика за себе дека е несреќен,
и никогаш негова слика
нема да има
во групната фотографија
на генерација светители
од тој и тој век”.
Дури и фотографиите да бидат запалени
во некој прогон
на светители,
засекогаш
се запаметени лицата
на оние
кои
светнале.
Кој ке го потврди
Животот
во Животот.
Ти одобруваш
кој извор на вистина
ќе биде веродостоен.
Ти си тој кој одбира.
Ти потпишуваш
лиценца за вистина.
Со своерачен потпис
пишуваш....
ЖИВОТ 

photo by http://www.arno-rafael-minkkinen.com/hands_and_feet.html





среда, 12. децембар 2012.

ГЛЕДАМ ДА ВИДАМ....