Постови

ШТО САКАМ МОЖАМ

Слика
Можам да е те сакам без да знаеш дека и ти ме сакаш, а ако тоа го можам и планини да поместувам можам и реки да преминам можам без да се наводенам можам... А штом тоа можам што ќе ми е гајлето?... Завршив со бербата, не берам гајле веќе... Сега берам само плодови На семето што сум го посеала во мислите оти какви ми се мислите такви ми се плодовите. слатки ми се.

слушни

Слика
кога викам те сакам тоа не лаже не се плаши и не бега никаде кога викам те сакам тоа нема големина не е мое твое нечие не се троши ниту создава ниту бледее ниту старее секое зошто го прегрнува. кога викам те сакам не викам. самото си кажува од себе тивко а насекаде се слуша и вика ,,сите те сакаат,, вика ,,едно,, вика ,,бескрај,, вика ,,сите сте,, те сакам засекогаш од секогаш а сето тоа сега. дури и да не слушаш ти знаеш. вика...те сакам

ЗДИВ НЕВИДЛИВ

Слика
Ми лекна малку. Ко да родив. Или ко шише вино кога ќе му ја извадат тапата ...не сум повеќе под притисок. И ... реката пак си тече во своето корито. Промената си е промена, никој не и се противставува, дури и некои попатни слапови не се знаци на застрашувачки отпор. И отпорот стана природна сила која само ја прави реката река и течењето течење. Чудесноста на преобразбата на перцепцијата, промена на аголот на гледање и... сликата е сосем некоја друга. Погледни го светот од сите страни ќе се видиш себе си целосно без да замижуваш на деловите од филмот кои некогаш те застрашувале ти си едно големо се(што) нешто ништо кое само “ е ” без да се именува. здив...невидлив  

ПОПЛАВА

Слика
Еден ден и јас Ќе се излеам како реката Брегалница Од   дождовите И ке го полавам светот Со убавина Ке го начекам Неподготвен Ке го изненадам Од позади Ќе му ги затворам очите и ќе го чекам да ме погоди која сум Ако не ме познае   ќе го скокотнам и ке му дадам малку помош Јас сум таа која се излеа и ќе те поплави Ти не ќе можеш да се противиш на убавината Застани не опирај се... Готов си Тука сум Цел си мој Те имам Ме имаш Едно сме свету мој убав... Ќе му плиснам се в лице и ке го избњам ко бебенце а тој ќе плаче од радост оти повторно роден и убав

ПОДАРОК

Слика
подарок спакуван во ливче од изеден бонбон хухнат трипати биди биди биди биди тоа што си.... го одмотуваш ливчето и во празната длапка на местото кај што лежел бонбонот ти го гледаш својот сон толку жив...животен...живот подарен

СЛОБОДЕН ПРИСТАП (нема пасворд)

Слика
Негде сум си го затурила клучот Од   вратата на светот на идеите И сега неможам да влезам А требаше да земам една идеја.... Не ми текнува што беше.. И кај ми е клучот... Чекај..кај го ставам обично и кога последен пат го користев.. Обично клучеви ставам на полицата до влезната врата, Не е таму. Или во некој џеб,во ташна ...не не е таму. Чекај кога последен пат го користев? Кога?...аа ми текна Влегов таму пред малку Ама чекај...па не отклучив, отклучено си беше... Да бе па таму пристапот ми беше слободен Немаше никаков клуч... Јас па јас... Умот ми беше заклучен ..не светот на идеите..

ОДНОВО

Слика
Некој сум Кој се шета покрај оваа река. Некој кој се чеша По студениот образ, Кој молчи, Рамномерно чекори. Некој кој ги загледува Овие карпи И им кажува “ добровечер ” . Кој си замислува желба Кога ќе види како се пали Првата улична светилка. Некој кој Одоко погодува Колку чафки има на тополата, Кој трепери заедно Со последните лисја на гранките. Некој кој диши И ги слуша сопствените стапки. Некој кој не се препознава самиот За одново да се запознае Како   нов непознат Сега откриен некој Кој си кажува срдечно “ здраво ” .....себе си Photography: GREGOIRE ALEXANDRE