слушни




















кога викам те сакам
тоа не лаже
не се плаши
и не бега никаде
кога викам те сакам
тоа нема големина
не е мое твое нечие
не се троши ниту создава
ниту бледее ниту старее
секое зошто го прегрнува.

кога викам те сакам
не викам.

самото си кажува од себе
тивко
а насекаде се слуша
и вика ,,сите те сакаат,,
вика ,,едно,,
вика ,,бескрај,,
вика ,,сите сте,,
те сакам засекогаш
од секогаш
а сето тоа сега.
дури и да не слушаш
ти знаеш.
вика...те сакам

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa