Постови

Приказују се постови за март, 2013

ИДЕ ПРОЛЕТ МИЛА

Слика
Од јужните краеви дојде птица сина со песна ни најави ,,Иде пролет мила,, Пак сонце ќе огрее ќе расцути цвет ќе забрмчат пчели збирајки си мед. * 1985год......Едно девојче (А.К.) со срце како трепетлика,има 8 години.Живо ја примети и ја запаиша оваа слика.Многу го сакам тоа девојче-бисерче....

Има..И кога нема

Слика
Има поезија како слика- видлива. Има поезија како филм- подвижна. Има поезија како глуварче- нежна и скокотлива. Има таква која боли- болна Има поезија како клин, еден збор, во глава, кога удира . Има поезија и кога нема... тогаш, најмногу има.

ГАТАНКА

Слика
Збор сум кажан меѓу редови. Никаде не постојам. Во ниту една синтакса не сум споменат. Ниту меѓу било кои граматички правила. Ниту во било кој речник. Никаде ме нема, а сепак, јас сум смислата кажана меѓу редови.. НИШТО сум -  ECCE SUM photo :  Cy Twombly by Robert Rauschenberg

ПАТУВАЊЕ

Слика
Беше... не е повеќе тука. Не постои минатото. Неговите сенки се запаметени слики од чувства спакувани во куфери кои ги носиме во нашата потсвест. Учам да пакувам помалку, речиси патувам без куфер и без лична карта.... illustration: The Night’s Long Journey -Cristie Henry

УЧИТЕЛОТ СЕНКА

Слика
Се скаравме со Платон. Му реков или да ми го покаже Светот на Идеите или ќе ја напуштам академијата. Се најде во тесно, свесен е дека Аристотел му ги зема сите ученици, и ми призна дека и тој за Светот на Идеите слушнал од други, никогаш не бил самиот. Чесно од негова страна. Од секогаш знаев дека филозофите ја ре-имислуваат вистината, и дека и тој и самиот е нејзина сенка. Веројатно ке го напуштам. Учителот е внатрe, во секого, надвор се сенките.  art by:Richard Bram - "Silvia Willkens"

НЕШТО КАЖУВАМ.....

Слика
Ми  паѓаат зборови од некаде за да ги местам како во играта "тетрис" Едните се повеќеаголни,сложени, другите се  мали,прости,едносложни. Ги редам еден до друг еден до друг еден до друг еден до друг еден до друг еден до друг Па..играта заврши или....некст левел. Подоле пак еден до друг еден до друг еден до друг Играта заврши..или енд оф стори... photo by:

БУДА(ЛА)

Слика
Пред спиење на очните капаци цртам очи. Се гледам во огледало и гледам дека секогаш сум будна. Никогаш нема да заспијам... Во личната карта ќе си го сменам името... Јас Сум Буда(Ла) *Буда(Ла) е тој што е буден меѓу сите заспани.