петак, 01. март 2013.


БУДА(ЛА)


Пред спиење
на очните капаци
цртам очи.
Се гледам
во огледало
и гледам
дека
секогаш
сум
будна.
Никогаш
нема
да заспијам...
Во личната карта
ќе си го сменам
името...
Јас
Сум
Буда(Ла)

*Буда(Ла) е тој што е буден меѓу сите заспани.


0 коментара:

Постави коментар