Постови

Приказују се постови за новембар, 2012

ВОЛКОТ И ЛОВЏИЈАТА-сомнителен обид за градење лична слава врз нечија грешка

Слика
ВОЛКОТ И ЛОВЏИЈАТА-сомнителен обид за градење лична слава врз нечија грешка Волкот неславно заврши.Озлогласен е за навек.Не ја препозна својата шанса да биде ослободен од кармата на крволочник.Во средбата со девојчето можеше да ја употреби чистата детска бестрашност и непретпазливост како исцелителна и прочистувачка моќ,како што да речеме тоа се случи со ѕверот и убавицата,Василиса прекрасна..и други.Чистата љубов ослободува.Но само заради една слатка вечера тој заврши кобно.Тука секако најмоногу ќар имаше ловџијата.Малку сомнително,спасена е честа на ловџијата,кој иако задоцни стана херој во приказната.Да поминеше некоја минутка порано,работата немаше да отиде до таму.Благородниот раскажувач на приказната му го додели славниот крај на ловџијата,да спаси баба и внука од утробата на еден волк.На сметката на еден лаком волк еден итар ловџија доживеа светска слава.Само си мислам дека самата приказна е ловџиска и дека ловџијата ја раскажа.

ЦРВЕНКАПА И ВОЛКОТ...ПОТОА (или обид за соочување со стравот)

Слика
Додека растешеа Црвенкапа,никој не го споменуваше оној настан со волкот.Таа порасна во убава девојка која ги сака животните.Се вработи во зоолошката  градина и беше задолжена да се грижи за кафезот на волкот.Надлежните беа задоволни од нејзината посветеност.Но еднаш го снема волкот.Пишуваше во сите дневни списанија,"изчезнат волк" со сликата од воклот.Неизвесноста дотаму ги разработи сомнежите на луѓето,што некои помислија дека станува збор за расчистување на сметките од минатото,и дека Црвенкапа го изела волкот.Се помислуваше на разни сценарија.Во конечницата се виде дека се работи за таен договор помеѓу девојката и волкот...го беше пуштила на слобода.

ЦРВЕНКАПА И ВОЛКОТ......ПОТОА

Слика
Дали Црвенкапа од кога ја извадил ловџијата од утробата на волкот била кај психотерапевт заради минимизирање на траумите?Или пак си одела слободно низ шумата кај баба и,и слободно гушкала кучиња.Дали мајка и потоа себе си се прекорувала зошто ја пуштила сама да оди низ шумата и потоа секогаш и во се ја придружувала?Или семејството земало да чува куче во домот.И кога повторно во животот Црвенкапа се сретнала  со волкот,дали со рацете си го прекрила лицето и почнала да вреска ,или пак била љубезна со него?...... Ryan McGinley photography.

ЕДЕН ВО ДРУГ

Слика