петак, 09. новембар 2012.


ВОЛКОТ И ЛОВЏИЈАТА-сомнителен обид за градење лична слава врз нечија грешка

ВОЛКОТ И ЛОВЏИЈАТА-сомнителен обид за градење лична слава врз нечија грешка
Волкот неславно заврши.Озлогласен е за навек.Не ја препозна својата шанса да биде ослободен од кармата на крволочник.Во средбата со девојчето можеше да ја употреби чистата детска бестрашност и непретпазливост како исцелителна и прочистувачка моќ,како што да речеме тоа се случи со ѕверот и убавицата,Василиса прекрасна..и други.Чистата љубов ослободува.Но само заради една слатка вечера тој заврши кобно.Тука секако најмоногу ќар имаше ловџијата.Малку сомнително,спасена е честа на ловџијата,кој иако задоцни стана херој во приказната.Да поминеше некоја минутка порано,работата немаше да отиде до таму.Благородниот раскажувач на приказната му го додели славниот крај на ловџијата,да спаси баба и внука од утробата на еден волк.На сметката на еден лаком волк еден итар ловџија доживеа светска слава.Само си мислам дека самата приказна е ловџиска и дека ловџијата ја раскажа.





0 коментара:

Постави коментар