Постови

Приказују се постови за август, 2012

ДВОРОТ-УНИВЕРЗУМ

Слика
Овде дворот е универзум кој се безграничи со небото и земјата. Во него, шарениот чадор има среќа да се споредува со оваа цветна градина, и мирот да фака сенка и дреме на лицата на минувачите. Овде музика свири доста упорен жежи-печи свирач како позадина на сцена во која тројца разговараат за разводот во бракот. Овде темите добиваат заслужена леснотија и сите одговори се лесни... Интересни факти пролетуваат во етерот, но ете програмата ја прекина времето за ручек. Радиото го пушта својот глас, пробно, до ушите, да види до каде може да оди, а придружен вокал свирка со уста во истиот ритам. Независно од тој сплет на звуци останува видлива тишина возможно фатлива со допир, во која ,,сето,, се случува. Ете ја тајната на тихувателите за безпари спакувана во кибритарка...овде...

ЛЕТНА ШКОЛА ЗА НЕГУБЕЊЕ ВРЕМЕ

Слика
На летната школа за "негубење време" се совладува најлесната лекција "време нема"..... Од тука.... што би се загубило? ....Загатката е решена....