ЛЕТНА ДРЕМКА

Попладневно нуркање
со подморница....
без координатите
за простор и време.
Одеднаш еден звук,
шлап ...шлап...шлап...
сеуште нејасна локација...
нешто пука тивко...
На мониторот
слика на гезве врз плин...
Добредојдовте назад....
најубавите соништа
се овде
и
сега.....
Наскоро сите патници
ќе бидат послужени со кафе...
Насмевка со затворени очи....
на некој
кој е  удобно сместен
на креветот
во дневната соба.

photo: Iris Anam Cara



Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa

ЗДИВ НЕВИДЛИВ