ОГЛЕДУВАЊЕ

Тишината
е средба 
со себе-со тебе.
Се затвара кругот на времето
во кој се вртела историјата,
изчезнува купчето
искршени митови.
Каде е ова место  
кое така ја одразува душата?
Овој сон,
овие планини во видикот,
што ја поткопуваат
најдлабоката подсвест
без да ја вознемират.
Овие возвишени глетки
кои постојано
ги менуваат боите
бидувајќи совршено огледало
на внатрешноста...
а каде е внатрешноста?
Што е кожа,
а што воздух?
ако се едно  тие во допирот....
Се кристализира
демонтирана  мистерија
на ова овде
и она таму
со откривањето на
ЕДНОТО
во сето видено-бидено.
Гледањето надвор 
е гледње внатре...







Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa

ЗДИВ НЕВИДЛИВ