СВЕТОТ СЕ МЕНУВА ВНАТРЕ

Вечерна свежина
на воздухот
после врел летен ден,
ги отвара градите,
кои можат
да го вдишат
целиот свет,
и да го издишат,
целиот исчистен и нов.
Ефектот од таа активност
е еден силен трепет
на тело
и способност
за директна интервенција
врз самата ДНК,
во тој миг на дишење свежина.
Така се менува светот,со промена на ДНК
внатре телото,
а не надвор и во  лаборатории.




art: Andrea Benson, Wader with lotus (2010)

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa