СЛОБОДЕН ПРИСТАП (нема пасворд)




Негде сум си го затурила клучот

Од  вратата на светот на идеите

И сега неможам да влезам

А требаше да земам една идеја....

Не ми текнува што беше..

И кај ми е клучот...

Чекај..кај го ставам обично и кога последен пат го користев..

Обично клучеви ставам на полицата до влезната врата,

Не е таму.

Или во некој џеб,во ташна ...не не е таму.

Чекај кога последен пат го користев?

Кога?...аа ми текна

Влегов таму пред малку

Ама чекај...па не отклучив, отклучено си беше...

Да бе па таму пристапот ми беше слободен

Немаше никаков клуч...

Јас па јас...

Умот ми беше заклучен ..не светот на идеите..


Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa