Постови

Приказују се постови за јул, 2012

ИСПАРУВАЊЕ

Слика
Што е тоа што си оди со испарувањето на капките кои лазат по грбот, на оваа жега? Што е тоа што останува после испарувањето? Се од овој сад со овошје и оваа лубеница,диња и оваа праска и оваа вода во бокалот и коцките мраз се тоа ќе испари, преку капките од ова тело...... Не останува ништо... нема останување, нема стоење на нештата во место. Тие, само минуваат овде, во видливоста и испаруваат... до невидливоста.... и пак назад..... photo: 'Face to Face' Niko Guido

ПРОМЕНА

Слика
Шушка нешто во близина, се врти нов лист од книгата на животот... Варијанти на смислени реалности минуваат на екранот, сликата е се појасна... Чистење на комуникацијата како сувенири од плакарот на некое заборавено време, беззначајни, собрани во кутија и однесени во фабрика за рециклажа. Јасност...доведена до точка на читање без вовед.... директно од изворот Умот-чист  инструмент за производство на свежа сегашност богата со хлорофил,небо,светлина и насмевки.

ПОСТОИ САМО ЕДЕН МИГ.....ОВДЕ И СЕГА

Слика
Ослободени атоми немир се врзуваат со кислород од воздухот, на балкон, додека се пие кафе. Утринска прошетка на кучиња во паркот и дресура на дете-робот... ајде-да-не-ваму-таму ајде бе бабино...... Поглед фрлен врз цвеќе лови микрокосмичка слика. Mравки кои исто така, "како и сиот нормален свет" ја прават својата утринска прошетка, долж и попреку стеблото на жардињериско цвеќе. На работ на некој цвет каде се мешаат нијансите од потемно и посветло розево, уловен е миг.... истиот оној од секогаш .

ЕПИТАФ

Слика
......на гробот пишува... Какво мајсторско актерство.... инспирација. Негов споменик е радоста, животот кој продолжува во другите. Умре,а живее..... p.s. живеењето е филм

СИТЕ СЕ ЕДНО, ЕДНО Е СЕ

Слика
Се разминуваат,ретко, непознатите состанари во зграда, како две паралелни прави на една замислена рамнина, кои никогаш нема да имаат заедничка точка до бесконечно.... Сосем неуверливо....... Мириса манџата на сосетката во собата, и допирот од влезната врата на зградата се пренесува од рака на рака, и птицата се храни со трошките од сите балкони, и сите слушаат иста музика за викенд, од маалската кафана, сите испаруваат заедно на жегата, сите ја внесуваат истата адреса во своите лични податоци....  Сите се едно едно е се. art by Andrea Wan

НИЕ СМЕ ТОА ШТО ГЛЕДА

Слика
Умот-товарено магаре на угорница, од инает ќе се качи до врвот, со целиот непотребен товар. На табла, на врвот, пишува: Ние не сме она што мислиме дека сме, ние сме тоа што гледа мислење, дека сме тоа што мислиме дека сме. paiting by Tigran Tsitoghdzyan

СО И БЕЗ

Слика
На уникатните кошули едно копче е зашиено со поинаков конец од останатите. "да се биде поинаков од другите"- паролата на потрагата. Да се биде свој, да се биде она што си, да се биде едноставно... да се биде. Со обоен прамен на косата, со шашава фризура, нерамно здолниште, необична чанта, со флуоросцентен часовник, две различни чевли, егзотична професија, членство во клубот на избраните.... Да се биде е се тоа.... но и без.... art by Ajit Chauhan

КОГА Е УБАВО

Слика
Сабота среде лето во ладното кафе пловат коцки мраз. Ладалото го лади жешкото пладне, а ветрето ја гали кожата. Едно девојче го истражува телефонот на мајката, жени си раскажуваат за хормоните. Треба,треба,треба.... список на трбања во главите... некој гледа некој пуши цигара.... Се на се...во мода е бела облека.... што друго да се каже кога..... е убаво. art by Karine Leger

ТОА СМЕ НИЕ

Слика
Си разменуваат шишиња вино старите пријатели, кои не се виделе со години а непознатите-погледи. Едно кајче се лула крај брегот.... Светка површината на водата и некој го пие своето кафе.... Патувачки облаци се огледуваат во езерото и го бојат од сино, посино, најсино... Она што  гледаме тоа сме...ние И пријатели и вино и кајче и вода и облаци и езеро Едно сме-се сме.

ОБИД ДА СЕ ФОТОГРАФИРА ,,ТОА,,

Слика
Среде најпопуларната плажа миксот на ретро звуци, веќе видени слики, подигнати секси задници, обликувани гради, избрани бикини, набилдани мускули, се тип-топ.... некој седи како во ложа со најубав поглед на свет и лови миг непоминлив.... Засекогаш фатен миг зачуван во сефот на интимното богатство кој трае...трае....трае...

БЕЗ ПОЕНТА

Слика
Овде сите си раскажуваат приказни додека го пијат утринското кафе. Српско-Македонска политичка анализа од ветерани на YU-генерацијата Све веч виџено и чуто.... Реприза и мало епп поглед во езеро... Некој ги растурил кајчињата и ги лула како бебиња нани-нан Дувка....горе долу летаат спрострените алишта на цветните балкони. Бучи мотор на кајче и облачињата бавно се поместуваат ...живот...само живот не употребувам поента. art by Masao Yamamoto

СЛИКИ ОД ЛЕТЕН ДЕН

Слика
Предел со убави дворови. Потпрена на лактот врз масичка дреме баба под тремот....дедо на бастун... Зреат...зреат...зреат јаболките на сонце. Пладнуваат птиците а само по некоја песна од скришните сенки. Жега.....купчиња сено по ливадите и по некој знак за ваму-таму... Тревки  по работ на патот... повелете време е за чај.. Понатаму тополи една до друга ... па поглед на езеро.... еден чамец што се прави дека не е сам, легнат врз својата сенка. Очи кои фотографираат и слики кои баш сега ви ги покажуваат....

ГРАБНАТА УБАВИНА

Слика
Грабната убавина со поглед е доволна доза на анти-болотик... престанува в миг...болката Предаденоста е движечка сила која  носи понатаму..... постојано движење... Овде и сега е другото име на промената на енергијата од едно во друго, толку многу облици низ кои се прикажува животот.... бесконечно....

БЕЛИ ОБЛАЧИЊА

Слика
Девоки со торби, балкони со раскошни цветни фустани... ендемски бисер... и црвени лакирани нокти. Германски бел сончан тен... боцкаат каменчињата под нозе... Деца крај езерото сме и кој верува во тој миг во штетноста на сончевите зраци? Шушка..шушка... работ на водата и песокче ситно... Ако сме ние огледало на небото над нас тогаш сме бели облачиња што патуваат до бескрај....