ИСПАРУВАЊЕ

Што е тоа
што си оди
со испарувањето
на капките
кои лазат по грбот,
на оваа жега?
Што е тоа
што останува
после испарувањето?
Се од овој сад со овошје
и оваа лубеница,диња
и оваа праска
и оваа вода во бокалот
и коцките мраз
се тоа ќе испари,
преку капките
од ова тело......
Не останува ништо...
нема останување,
нема стоење
на нештата во место.
Тие, само минуваат овде,
во видливоста
и испаруваат...
до невидливоста....
и пак назад.....

photo:'Face to Face' Niko Guido






Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa