СЛИКИ ОД ЛЕТЕН ДЕН

Потпрена на лактот врз масичка
дреме баба под тремот....дедо на бастун...
Зреат...зреат...зреат
јаболките на сонце.
Пладнуваат птиците
а само по некоја песна
од скришните сенки.
Жега.....купчиња сено по ливадите
и по некој знак за ваму-таму...
Тревки по работ на патот...

Понатаму тополи една до друга ...
па поглед на езеро....
еден чамец
што се прави
дека не е сам,
легнат врз својата сенка.
Очи кои фотографираат
и слики кои баш сега ви ги покажуваат....
Коментари
Постави коментар