СО И БЕЗ

На уникатните кошули
едно копче е зашиено
со поинаков конец од останатите.
"да се биде поинаков
од другите"-
паролата на потрагата.
Да се биде свој,
да се биде она што си,
да се биде едноставно...
да се биде.
Со обоен прамен на косата,
со шашава фризура,
нерамно здолниште,
необична чанта,
со флуоросцентен часовник,
две различни чевли,
егзотична професија,
членство во клубот на избраните....
Да се биде е се тоа....
но и без....


art by Ajit Chauhan

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa