БЕЛИ ОБЛАЧИЊА

Девоки со торби,
балкони со раскошни
цветни фустани...
ендемски бисер...
и црвени лакирани нокти.
Германски бел сончан тен...
боцкаат каменчињата под нозе...
Деца крај езерото сме
и кој верува во тој миг
во штетноста на сончевите зраци?
Шушка..шушка...
работ на водата и песокче ситно...
Ако сме ние огледало
на небото над нас
тогаш сме бели облачиња
што патуваат до бескрај....



Коментари

Популарни постови са овог блога

СЛОБОДЕН ПРИСТАП (нема пасворд)

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa