БЕЗ ПОЕНТА

Овде сите си раскажуваат приказни
додека го пијат утринското кафе.
Српско-Македонска политичка анализа
од ветерани на YU-генерацијата
Све веч виџено и чуто....
Реприза и мало епп
поглед во езеро...
Некој ги растурил кајчињата
и ги лула како бебиња
нани-нан
Дувка....горе долу летаат
спрострените алишта
на цветните балкони.
Бучи мотор на кајче
и облачињата бавно се поместуваат
...живот...само живот
не употребувам поента.


art by Masao Yamamoto

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa