ТОА СМЕ НИЕ

Си разменуваат шишиња вино
старите пријатели,
кои не се виделе со години
а непознатите-погледи.
Едно кајче се лула
крај брегот....
Светка површината на водата
и некој го пие своето кафе....
Патувачки облаци
се огледуваат во езерото
и го бојат
од сино, посино, најсино...
Она што  гледаме
тоа сме...ние
И пријатели
и вино
и кајче
и вода
и облаци
и езеро
Едно сме-се сме.






Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa