Постови

Приказују се постови за 2014

ЗДИВ НЕВИДЛИВ

Слика
Ми лекна малку. Ко да родив. Или ко шише вино кога ќе му ја извадат тапата ...не сум повеќе под притисок. И ... реката пак си тече во своето корито. Промената си е промена, никој не и се противставува, дури и некои попатни слапови не се знаци на застрашувачки отпор. И отпорот стана природна сила која само ја прави реката река и течењето течење. Чудесноста на преобразбата на перцепцијата, промена на аголот на гледање и... сликата е сосем некоја друга. Погледни го светот од сите страни ќе се видиш себе си целосно без да замижуваш на деловите од филмот кои некогаш те застрашувале ти си едно големо се(што) нешто ништо кое само “ е ” без да се именува. здив...невидлив  

ПОПЛАВА

Слика
Еден ден и јас Ќе се излеам како реката Брегалница Од   дождовите И ке го полавам светот Со убавина Ке го начекам Неподготвен Ке го изненадам Од позади Ќе му ги затворам очите и ќе го чекам да ме погоди која сум Ако не ме познае   ќе го скокотнам и ке му дадам малку помош Јас сум таа која се излеа и ќе те поплави Ти не ќе можеш да се противиш на убавината Застани не опирај се... Готов си Тука сум Цел си мој Те имам Ме имаш Едно сме свету мој убав... Ќе му плиснам се в лице и ке го избњам ко бебенце а тој ќе плаче од радост оти повторно роден и убав

ПОДАРОК

Слика
подарок спакуван во ливче од изеден бонбон хухнат трипати биди биди биди биди тоа што си.... го одмотуваш ливчето и во празната длапка на местото кај што лежел бонбонот ти го гледаш својот сон толку жив...животен...живот подарен

СЛОБОДЕН ПРИСТАП (нема пасворд)

Слика
Негде сум си го затурила клучот Од   вратата на светот на идеите И сега неможам да влезам А требаше да земам една идеја.... Не ми текнува што беше.. И кај ми е клучот... Чекај..кај го ставам обично и кога последен пат го користев.. Обично клучеви ставам на полицата до влезната врата, Не е таму. Или во некој џеб,во ташна ...не не е таму. Чекај кога последен пат го користев? Кога?...аа ми текна Влегов таму пред малку Ама чекај...па не отклучив, отклучено си беше... Да бе па таму пристапот ми беше слободен Немаше никаков клуч... Јас па јас... Умот ми беше заклучен ..не светот на идеите..

ОДНОВО

Слика
Некој сум Кој се шета покрај оваа река. Некој кој се чеша По студениот образ, Кој молчи, Рамномерно чекори. Некој кој ги загледува Овие карпи И им кажува “ добровечер ” . Кој си замислува желба Кога ќе види како се пали Првата улична светилка. Некој кој Одоко погодува Колку чафки има на тополата, Кој трепери заедно Со последните лисја на гранките. Некој кој диши И ги слуша сопствените стапки. Некој кој не се препознава самиот За одново да се запознае Како   нов непознат Сега откриен некој Кој си кажува срдечно “ здраво ” .....себе си Photography: GREGOIRE ALEXANDRE      

МОЖЕЊЕ

Слика
(не сум сигурна за имево,прво беше ,,допуштање,,)   Од кога се немаш Помочано од радост О дете, Изгубено во својата потсвест. Имале   право   Грим За Црвенкапа, Нејзе дека   ја изел Волкот-страв. Излези дете на видело Да те видам-да се видиш Оти во темното нема ништо, Светлината е само. Ти дете,не плаши се Слободно помочај се од радост Никој не ќе те дознае. Играчките ти ги чуваат Уште , Во ќошот, И куклата со подшишани шишки. Од боите нивни обој го светот О дете. Трчај после,претрчај го Таков шарен Со широки раце за прегратка И мочај од радост кај ќе стигнеш Дете.

МОЈАТА ТАТКОВИНА

Слика
          На денот на независноста Татко ми традиционално се јавува. Си спомнуваме за ручекот Кој што јадел Си посакуваме ,,наздравје,, И се смееме За некоја секојдневна анегдота. Тој честита Со свечен тон, Целиот обоен со достоинство и радост МАКЕДОНИЈОСРЕЌНОИВЕЧНО И покрај тоа што Во истата, Работи седум дена во неделата, На секој празник, Измолува едвај годишен одмор И прима плата во ситно, Се осмелува на ЉУБОВ Татко ми... Е мојата татковина    

ПИСМО ДО МАЈКА МИ

Слика
              Здраво   мамо. Еве решив Да ти напишам писмо. Јас сум добро ,мамо. Вчера наполнив 37 години И за среќа Сеуште сум дете,мамо. Како што стојат работите Тоа нема изгледи   да се смени. Ова е факт кој нема да те вознемири Освен ..да те охрабри,мамо.   Се сеќаваш ли,мамо, Кога си играв со дедо Ганди Во песокта? Толку   ме љубеше тој Што успеа да ме научи Да немам потреба од војна Така што Јас ке бидам промената Која ја очекувам од другите.   Потоа,мамо, Се секаваш ли кога Еднаш Исус им се искрадна на мајка му и татко му Во храмот И си играше со нас. Уште тогаш рече Дека сите ние сме Браќа Едни со други И дека по љубовта се познаваме. Нема други разлики меѓу нас. Се сеќаваш ли ко вчера да беше,мамо, Како се смеевме на балконот Седнати со Него Додека заоѓаше сонцето И како Тој ни раскажуваше Дека ич не боли ако те удрат. А за да ни покаже , утреден
Слика
    Ветерот влегува низ балконската врата а излегува низ прозорецот и обратно... го викам тоа галење со Се-то ... Настанот музички е поддржан од штурец кој бавно штури а за осветлувањето се погрижи ноќта со сите звезди и месечината. Благодарност до сите кои присуствуваа сочувствуваа и со-галуваа со нас оваа ноќ.

FREE DOWNLOADS

Слика
        Еве го работ на галаксијата, Еве ја мојата кожа. Го гледам тоа од некоја далечина, А внатре сум. Станува тесно И здивот е тежок. Земам игла и со малиот врв Го пукам балонот на привидот. Нема ништо. Мојата кожа се претопува во бескрајот И здивот ми е вечност. Да се обожиш е нужност, Просветлувањето повеке не е луксуз.    

спогодба

Слика
 Го прифаќам секој ден како расказ, на кој му се воодушевувам додека го читам, без да сакам да сменам ниту една буква од него, го голтам читајќи.... ... За поголема јасност на ефектите замижувам и ѕиркам во внатрешноста. За да видам појасно најпрвин молчам и гледам како летаат мисли во облик на слики. Потоа одам понатаму и гледам како диши само од себе. Потоа одам уште понатаму и влегувам во пространството на изобилие и одбирам слика-сон која ке ја покажам штом ке ги отворам очите.

КРИСТАЛНО ,,ТЕ САКАМ,,

Слика
Толку е јасно тоа Дека те сакам што самото е проѕирно Како стакло. Се гледа преку него се, Јасно. Можеш да го ставиш   Како прозорец И низ него јасно да го видиш светот, Без дамки и флеки, Без деформации. Низ тоа ,,те сакам,, Можеш совршено Да ги гледаш сите нешта и луѓето Во нивната идеалност, Без да се изморуваш од приметување фалинки . Тоа кристално ,,те сакам,, Е филтер за болката , преку него ќе го спознаеш безболот. И со него   ако толку се соживееш Самиот стануваш,, Тоа ,,те сакам,,...      

МИ ОЛЕСНУВА

Слика
Рано го погребав генијот Во себе си, Но долго тагував по него. Ослободена сум од тагата и генијот И сега не сум ни птица Ни стрела Ни цел Само сум лет, Кој плови со облаците. Во мене се сите со кои сум се сретнала Макар и на пешачки премин, И јас сум во нив. Времињата се заборавени Но она кое е споено Неможе да биде разделено. Се сеќавам Ни ги тргаа ушите нагоре И ни викаа ,,големи да пораснете,,. Си велев Кој знае до кај ќе раснеме, Па правев планови Да се мерам со највисоките врвови И од таму со лесно да дофаќам облаци, Над нив потоа да поминам И да рипам да скокам Како врз јоргани Колку ми душа сака. После мислев ќе може Да се мине од небо до небо До кај деветтото да се стаса И да се пробие небесата Да се надмине телесата ....мислев Да се исцели.. Значи нешто да стане цело Кое било времено разделено И сега се соединува Еднее Едно станува Шушкам со хартивчето

преобразивање на умот

Слика
Запознај ја природата на својот ум Или како што викаше натписот на делфискиот храм ,,спознај се самиот себе си,, Е една цивилизациска задача На која Одговорот и бега Како на змеј Кој сака да си го гризне опсашот А кога ке го има меѓу забите Дознава по болката Дека тоа е дел од неговото тело Така и умот Кој се гони самиот себе Прави поделби Ходници и лавиринти Најчесто скриен во измислениот Фолдер,,потсвесно,, Си наоѓа оправдување и Купува време Да си признае дека Тој ги измислува Германците и партизаните Индијанците и каубојците Нашите и вашите Тој кој прави проблем И оној кој го решава Светлата точка во која Себе си се открива во трилерот Е гога престанува двојството И целиот ум На драга воља Се нарекува срце   illustration:daria petrilli , in the garden of good and evil

СЕ-МОЖНО(А)-СУМ

Слика
Имам невидливи долги раце Кои се шират Колку да можат Да ја прегрнат планетата И да берат свежи ѕвезди од небото За да ги всадувам Во срцата на сите Со кои се сретнувам Патувајќи по бескрајот Се смалувам толку За да ги шпиунирам Клетките кога се множат, И да им влезам Со осмоза преку мембраната Сама ја форматираам ДНК-та Лизгајќи се по неа како на тобоган Кога пак мижам Го следам здивот По неговиот дишен пат И со остар поглед Ги пукам мислите ко балони За да останам во без-мислието. illustration:dan-ah-kim

ПРЕРОДЕНА

Слика
Ноќеска ја сонив Ленка, Преродена. Млада китка убава, Со вита става како ела пиринска Живее покрај Вардар Во   мала куќарка Завиткана во   зелена градина . Наутро се буди со песни од славеи. Понекогаш со друштвото Рибари. Произведува органски плодови. Тутун ниту сади ниту пуши. Среќно е вљубена во животот. Ленка ткае на разбој Со голем жар, Бели кошули, И ги дава на дар на свои пријатели. За себе кажува Дека Е среќна родена.  illustration: Christian Schloe Digital Artwork