среда, 10. децембар 2014.


ПОПЛАВА


Еден ден и јас

Ќе се излеам како реката Брегалница

Од  дождовите

И ке го полавам светот

Со убавина

Ке го начекам

Неподготвен

Ке го изненадам

Од позади

Ќе му ги затворам очите

и ќе го чекам да ме погоди која сум

Ако не ме познае

 ќе го скокотнам и ке му дадам малку помош

Јас сум таа која се излеа и ќе те поплави

Ти не ќе можеш да се противиш на убавината

Застани не опирај се...

Готов си

Тука сум

Цел си мој

Те имам

Ме имаш

Едно сме свету мој убав...
Ќе му плиснам се в лице
и ке го избњам ко бебенце
а тој ќе плаче од радост
оти повторно роден и убав

0 коментара:

Постави коментар