Постови

Приказују се постови за јул, 2010

СВРТЕНИ КОН СОНЦЕТО

Слика
Утро е.Ние сме веке на нозе.Растрчани сме по станот....алиштата се ставени во торба.Летаат зборови низ просторот и се плетат низи од план чиња и договори.Си ги пребројуваме мислите.Се од предвиденото е во колата,спакувано,и ние тргнуваме.Го предвидовме топлиот ден и затоа тргнуваме наутро.Патот е краток,но пејзажите кој ни ги нуди Овчеполието се за мене нужни знаци на животот.Летото е во својот зенит.Јули.Штурците уште рано си ја почнале со песна.Ние сме на пола пат,среде поле со сончогледи.Умните главички свртени сите кон сонцето.Рој пчели го посетиле утрово веселото друштво,и се работи со полна пареа....се собира мед.ТУКА Е ЖИВОТОТ.Околу снопови со сено.Жетвата е завршена.Небото е сеуште сино,наскоро синилото ќе побели,од јаката светлина Се напивме слики ова утро.Го продолживме патот покрај тутунските полиња,веке се берат првите листови.Пазарот крај патот е  преполн со плодови.Се е на своето место.Овие пејзажи ги следам низ сите сезони,преку целата година.Нивната се