Постови

Приказују се постови за 2012

АВТО-ИНТЕРВЈУ ИЛИ СЕБЕПРЕИСПИТУВАЊЕ

Слика
Кој си ти кој те прашувам? Кој прашува? и Кој гледа прашување? Кој ќе одговара? Кој е одговорен за се ова овде кое се нарекува ,,ЈАС,,? Тој нека истапи нека каже кој кој е и што сака... Сакам.. Што сакаш? А смеам да сакам? Зарем не е тоа забрането? Сакај што ќе посакаш, Се ќе ти биде дадено.... Дадено ти е Земи Земено е Имај Имам Се Јас Кој Сум. photo by Looking Back - Emily Franklin Camil Tulcan

УВЕРЕНИЕ ЗА ЖИВОТ

Слика
Сите луѓе се свети. Само некоја светост останува “ неупотребена доживотно ” . Напразно свет.... тој  вика за себе дека е несреќен, и никогаш негова слика нема да има во групната фотографија на генерација светители од “ тој и тој век ”. Дури и фотографиите да бидат запалени во некој прогон на светители, засекогаш се запаметени лицата на оние кои светнале. Кој ке го потврди Животот во Животот. Ти одобруваш кој извор на вистина ќе биде веродостоен. Ти си тој кој одбира. Ти потпишуваш лиценца за вистина. Со своерачен потпис пишуваш.... ЖИВОТ  photo by http://www.arno-rafael-minkkinen.com/hands_and_feet.html

ГЛЕДАМ ДА ВИДАМ....

Слика

ВОЛКОТ И ЛОВЏИЈАТА-сомнителен обид за градење лична слава врз нечија грешка

Слика
ВОЛКОТ И ЛОВЏИЈАТА-сомнителен обид за градење лична слава врз нечија грешка Волкот неславно заврши.Озлогласен е за навек.Не ја препозна својата шанса да биде ослободен од кармата на крволочник.Во средбата со девојчето можеше да ја употреби чистата детска бестрашност и непретпазливост како исцелителна и прочистувачка моќ,како што да речеме тоа се случи со ѕверот и убавицата,Василиса прекрасна..и други.Чистата љубов ослободува.Но само заради една слатка вечера тој заврши кобно.Тука секако најмоногу ќар имаше ловџијата.Малку сомнително,спасена е честа на ловџијата,кој иако задоцни стана херој во приказната.Да поминеше некоја минутка порано,работата немаше да отиде до таму.Благородниот раскажувач на приказната му го додели славниот крај на ловџијата,да спаси баба и внука од утробата на еден волк.На сметката на еден лаком волк еден итар ловџија доживеа светска слава.Само си мислам дека самата приказна е ловџиска и дека ловџијата ја раскажа.

ЦРВЕНКАПА И ВОЛКОТ...ПОТОА (или обид за соочување со стравот)

Слика
Додека растешеа Црвенкапа,никој не го споменуваше оној настан со волкот.Таа порасна во убава девојка која ги сака животните.Се вработи во зоолошката  градина и беше задолжена да се грижи за кафезот на волкот.Надлежните беа задоволни од нејзината посветеност.Но еднаш го снема волкот.Пишуваше во сите дневни списанија,"изчезнат волк" со сликата од воклот.Неизвесноста дотаму ги разработи сомнежите на луѓето,што некои помислија дека станува збор за расчистување на сметките од минатото,и дека Црвенкапа го изела волкот.Се помислуваше на разни сценарија.Во конечницата се виде дека се работи за таен договор помеѓу девојката и волкот...го беше пуштила на слобода.

ЦРВЕНКАПА И ВОЛКОТ......ПОТОА

Слика
Дали Црвенкапа од кога ја извадил ловџијата од утробата на волкот била кај психотерапевт заради минимизирање на траумите?Или пак си одела слободно низ шумата кај баба и,и слободно гушкала кучиња.Дали мајка и потоа себе си се прекорувала зошто ја пуштила сама да оди низ шумата и потоа секогаш и во се ја придружувала?Или семејството земало да чува куче во домот.И кога повторно во животот Црвенкапа се сретнала  со волкот,дали со рацете си го прекрила лицето и почнала да вреска ,или пак била љубезна со него?...... Ryan McGinley photography.

ЕДЕН ВО ДРУГ

Слика

ЗАМЕНА

Слика
Луѓето сакаат да одат на Месечината. Во растргнатост меѓу копнежот и неможноста, одат да ги гледаат големите Молови. Архитектите на виртуелната реалност, секавично брзо смислуваат замени кои го истиснуваат првиот импулс за истражување. Таму секогаш има нешто кое неможеш да го имаш -наместо копнеење. Секогаш си мал -наместо растење. Секогаш си еден од другите- -наместо припаѓање. Во очите на жената, која ги бришеше нашите стапки од белиот под, ја видов можноста да се гледаме во другиот како во огледало, додека се статира во големото филмско сценарио. p.s. Јас не сум ,,критичар на своето време,, Јас сум надвор од времето.... ГЛЕДАМ photo by  Mirror House by EKKEHARD ALTENBURGER

ФРИЗЕРСКО ЛУДИЛООО

Слика