УВЕРЕНИЕ ЗА ЖИВОТ
Само некоја светост
останува
“неупотребена доживотно”.
“неупотребена доживотно”.
Напразно свет....
тој вика за себе дека е несреќен,
и никогаш негова слика
нема да има
во групната фотографија
на генерација светители
од “тој и тој век”.
Дури и фотографиите да бидат запалени
во некој прогон
на светители,
засекогаш
се запаметени лицата
на оние
кои
светнале.
Кој ке го потврди
Животот
во Животот.
Ти одобруваш
кој извор на вистина
ќе биде веродостоен.
Ти си тој кој одбира.
Ти потпишуваш
лиценца за вистина.
Со своерачен потпис
пишуваш....
ЖИВОТ
photo by http://www.arno-rafael-minkkinen.com/hands_and_feet.html
Коментари
Постави коментар