Постови

Приказују се постови за фебруар, 2014

ПЕТАРПАНСТВОТО

Слика
  Од сите страдања Кои ги спознав Најтешко може беше Растењето. Како ,,томос,,моторче Кое пали на педала Пробаш милион пати И еднаш конечно Запалува, Почнуваш Да растеш, Ама пак си дете. photo: Maia Flore ,Sleep Elevations      

СМЕШНА

Слика
Со сестра ми и се смеевме на смртта. Игравме мртовец Со рацете наместени на гради ,миженката. Кога   ќе се наместевме Ја викавме мајка ми За да не погледне со прекор. И тогаш следеше Најгромогласната смеа. Смешна беше смртта,навистина. Особено зошто сите ја сфаќаа сериозно. Дента кога умре прабаба   ми, На сто години, Ние ја игравме истата игра за последен пат. Не научија сериозно да ја сфаќаме смртта И да се плашиме. Се плашиме од сознанието Оти Ние сами си ја предвидуваме смртта. Во тишината, Знаеме која е точката Кога ке се разминат Телото и духот Во трката по бескрајот. Но сигурно дека Кога ќе се сретнеме Со неа п ак ќе се насмееме. photo  by David Henry Williams

РАСТЕЊЕ

Слика
Баба ја маѓосуваше манџата Со нане и други мирудии Дедо вртеше по радиото Да фати чист глас И некој таму кажа : Точно е 12 часот Зборува радио Титов Велес Јас ја читав “ Галебот Џонатан Ливингстон ” И памтам тогаш Колку напреднав во летањето После макавме од манџата И се радувавме колку е слатко Луткото во неа. Нешто вечно има во сликите со радост Кои се множат низ времето. Си макам од манџава И си мислам... Сеуште напредувам во летањето.   illustration: anna magruder        

СЕКОЈ САМ СО СЕБЕ(ВО СЕБЕ) Е.

Слика
     

ЗАПИШУВАЊЕ

Слика
(посветено на Светот на Идеите, на Сократ.... добро ај и на Платон) Кога пишувам Прочитувам отпосле И секогаш си викам : Кој го напишал ова? После Пак пишувам И пак читам И пак си викам : Кој го напишал ова? Ова го запишал некој Кој знае да пишува(писмен е) А го видел некаде Од каде Се дојдени Сите фатливи и сите видливи нешта Кои поминуваат тука Или кои Засекогаш остануваат.

Е, А БЕЗ

Слика
Велам Сонував за Ослободеност од болката Ти ми велиш Ако си го удриш прстот со чекан Да не те боли, На тоа мислиш? Нешто како Дервишки марифети За одење по жар и бодење со жица? Мислам, На тоа, Дека болката воопшто не постои Не во некое друго место Туку овде На ова место Постои Поинаков начин На постоење Од тоа да те боли. Постои Безболие Но и тоа не постои Не постои нити не ниту б Од целата таа приказна Ниту   доказ Ниту аргумент Cамо постои.