субота, 01. фебруар 2014.


ЗАПИШУВАЊЕ

(посветено на Светот на Идеите, на Сократ.... добро ај и на Платон)

Кога пишувам
Прочитувам отпосле
И секогаш
си викам:
Кој го напишал ова?
После
Пак пишувам
И пак читам
И пак си викам:
Кој го напишал ова?
Ова го запишал некој
Кој знае да пишува(писмен е)
А го видел некаде
Од каде
Се дојдени
Сите фатливи
и сите видливи нешта
Кои поминуваат тука
Или кои
Засекогаш остануваат.


0 коментара:

Постави коментар