Е, А БЕЗ

Велам
Сонував за
Ослободеност од болката
Ти ми велиш
Ако си го удриш прстот со чекан
Да не те боли,
На тоа мислиш?
Нешто како
Дервишки марифети
За одење по жар и бодење со жица?
Мислам,
На тоа,
Дека болката воопшто не постои
Не во некое друго место
Туку овде
На ова место
Постои
Поинаков начин
На постоење
Од тоа да те боли.
Постои
Безболие
Но и тоа не постои
Не постои нити не ниту б
Од целата таа приказна
Ниту  доказ
Ниту аргумент
Cамо
постои.

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa