петак, 21. фебруар 2014.


СМЕШНА


Со сестра ми и се смеевме на смртта.

Игравме мртовец

Со рацете наместени на гради ,миженката.

Кога  ќе се наместевме

Ја викавме мајка ми

За да не погледне со прекор.

И тогаш следеше

Најгромогласната смеа.

Смешна беше смртта,навистина.

Особено зошто сите ја сфаќаа сериозно.

Дента кога умре прабаба  ми,

На сто години,

Ние ја игравме истата игра за последен пат.

Не научија сериозно да ја сфаќаме смртта

И да се плашиме.

Се плашиме од сознанието

Оти

Ние сами си ја предвидуваме смртта.

Во тишината,

Знаеме која е точката

Кога ке се разминат

Телото и духот

Во трката по бескрајот.

Но сигурно дека

Кога ќе се сретнеме

Со неа пак

ќе се насмееме.

photo 
by David Henry Williams



0 коментара:

Постави коментар