РАСТЕЊЕ



Баба ја маѓосуваше манџата
Со нане и други мирудии
Дедо вртеше по радиото
Да фати чист глас
И некој таму кажа:
Точно е 12 часот
Зборува радио Титов Велес
Јас ја читав
Галебот Џонатан Ливингстон
И памтам тогаш
Колку напреднав во летањето
После макавме од манџата
И се радувавме колку е слатко
Луткото во неа.
Нешто вечно има
во сликите со радост
Кои се множат низ времето.
Си макам од манџава
И си мислам...
Сеуште напредувам во летањето.
 
illustration: anna magruder
 
 
 
 

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa