Постови

Приказују се постови за јул, 2013

ДЕВОЈЧЕТО

Слика
Многу паметно девојче беше, бубалка. Што му стана, нешто и штракна во главата... Тоа од читањето, од книгите и е.. забега... Аман,аман... отиде со умот.... верува во чудни работи, подетинува, се смее многу често. Само за некои ,,убави мали нешта,, зборува, ко ќора да е, ко да не гледа. Во кој свет живее... Не мисли лошо или не обрнувај внимание на тие мисли кои те немират. Е ајде де сега, што и е? Луѓето умираат, ај седи мирен да те видам. Не ...не итно и треба помош лечење... не е здраво... Од кај и е бе таа причина за радост? можела да седи на ветерот и да ужива како да е на море... Како па да не, болни фантазии. Луѓе гладуваат таа лета со умот. Сонцето правело шари од сенки и светлинки на ѕидот низ ролетните ветерот ја движел таа слика.... во  летното пладне мирисало на лубеница.. Да бееее, нема грешка, светот тоне, ние ќе гледаме во сенките на ѕидот Не.... девојчето целосно отишло... господ напомош... иде крајот... тоа е знакот...

ЗЕН-ЛУСТРАЦИЈА

Слика
Секој ден пред совеста ги изведувам сите лица на неговото височество егото, кое блешти од ефекти на огледала. Тешко крај да му фатиш ако редовно не лустрираш се и сешто што се покажува на екранот на свеста, од оние најнаивните ликови до оние најстрашните. Има побуни и стравови тешки има. Во тие мигови црвенкапче во устата на волкот ја гледам, Франкенштајн, Дракула и баба-роги многу има... Ама затоа, момент потоа ги ставам нозете на столче додека седам на балконот дишам гледам во зелено и единствено на кое мислам е: дали да ставам босилек во салатата и која од трите праски да ја изедам. * Lustracija ( lat. lustratio od glagola lustro – rasvijetliti) [1] izvorno je pojam iz starorimske religije koji je označavao obredno čišćenje od grijeha, ispitivanje savijesti i pomirenje . [1