ДЕВОЈЧЕТО

Многу паметно
девојче беше,
бубалка.
Што му стана,
нешто и штракна
во главата...
Тоа од читањето,
од книгите и е..
забега...
Аман,аман...
отиде со умот....
верува во чудни работи,
подетинува,
се смее многу често.
Само за некои
,,убави мали нешта,,
зборува,
ко ќора да е,
ко да не гледа.
Во кој свет живее...
Не мисли лошо
или
не обрнувај внимание
на тие мисли кои те немират.
Е ајде де сега,
што и е?
Луѓето умираат,
ај седи мирен да те видам.
Не ...не
итно и треба помош
лечење...
не е здраво...
Од кај и е бе таа причина за радост?
можела да седи на ветерот
и да ужива како да е на море...
Како па да не,
болни фантазии.
Луѓе гладуваат таа лета со умот.
Сонцето правело шари
од сенки и светлинки
на ѕидот низ ролетните
ветерот ја движел таа слика....
во  летното пладне мирисало на лубеница..
Да бееее, нема грешка,
светот тоне,
ние ќе гледаме во сенките на ѕидот
Не....
девојчето целосно отишло...
господ напомош...
иде крајот...
тоа е знакот...
по ваквите апокалипсата се познава...
боже прости и.....


Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa