недеља, 21. јул 2013.


ЗЕН-ЛУСТРАЦИЈА

Секој ден
пред совеста
ги изведувам
сите лица
на неговото височество
егото,
кое блешти од ефекти
на огледала.
Тешко крај да му фатиш
ако редовно
не лустрираш
се и сешто
што се покажува
на екранот на свеста,
од оние најнаивните ликови
до оние најстрашните.
Има побуни
и стравови тешки
има.
Во тие мигови
црвенкапче во устата на волкот ја гледам,
Франкенштајн,
Дракула
и баба-роги многу
има...
Ама
затоа,
момент потоа
ги ставам нозете на столче
додека седам на балконот


дишам


гледам во зелено
и единствено на кое мислам
е:
дали да ставам босилек во салатата
и која од трите праски да ја изедам.

*Lustracija (lat. lustratio od glagola lustro – rasvijetliti)[1] izvorno je pojam iz starorimske religije koji je označavao obredno čišćenje od grijeha, ispitivanje savijesti i pomirenje.[1

0 коментара:

Постави коментар