Постови

Приказују се постови за јануар, 2014

ЅИРКАЧ

Слика
Универзумот има дупче Низ кое Можеш Да се набљудуваш себе си Во сите можни ситуации Одеднаш. Самиот да се шпиунираш Себе си И на ливче Да си ја запишеш тајната Како се создаваат нови универзуми Кога ке се осмелиш Да излезеш низ тоа дупче Ке влезеш дирекно Во нов универзум Кој има дупче И ти пак ке ѕиркаш Низ него Додека не се осмелиш да излезеш Од него И да влезеш во другиот До бесконечно....   photography: Masao Yamamoto    

ОГЛАСНА ТАБЛА

Слика
   

РАЗГОВОР СО БОЛКАТААААААА......

Слика
Болката Сакаше да ми каже нешто И почна Да тропа во мојата глава Се обидуваше да стега кај вратот Како да сака да отвори Некоја врата ... Мислам сака нешто да ми покаже .... Потоа се качи погоре кај темето..врвот на главата И чукаше долго време како да отвара дупка За да ме поврзе Дирекно со вселената... Мислев... Потоа пак се врати кај вратот И ми правеше чувство дека Во стомакот ми се буричкаат дневните џваканици На крај Вреснав во плач Од неиздржливост и Ништо повеќе не разбирав Што сака да ми каже Таа сила која заробена останала во моето тело Заради некои Пречки во транспортот на енергијата Од едниот крај на светот до другиот....(Врвот на прстите) Наеднаш Стишување На таа бура Почуваат да мрдаат екстремитетите Многу течности Пријавени во влез и излез.... И на електронското известување за текот на овој разговор во делот за заклучоци п