РАЗГОВОР СО БОЛКАТААААААА......

Болката
Сакаше да ми каже нешто
И почна
Да тропа во мојата глава
Се обидуваше да стега кај вратот
Како да сака да отвори
Некоја врата
...
Мислам сака нешто да ми покаже
....
Потоа се качи погоре кај темето..врвот на главата
И чукаше долго време како да отвара дупка
За да ме поврзе
Дирекно со вселената...
Мислев...
Потоа пак се врати кај вратот
И ми правеше
чувство дека
Во стомакот ми се буричкаат дневните џваканици
На крај
Вреснав во плач
Од неиздржливост и
Ништо повеќе не разбирав
Што сака да ми каже
Таа сила која заробена останала во моето тело
Заради некои
Пречки во транспортот на енергијата
Од едниот крај на светот до другиот....(Врвот на прстите)
Наеднаш
Стишување
На таа бура
Почуваат да мрдаат екстремитетите
Многу течности
Пријавени во влез и излез....
И на електронското известување
за текот на овој разговор
во делот за заклучоци
пишуваше само:
детски болести....
кои се забележуваат кај оние кои сеуште патат од желба за растење....
нив ги болат мислите во глава.

Photographer: Duane Michals
 
 

 

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa