среда, 29. јануар 2014.


ЅИРКАЧ

Универзумот има дупче
Низ кое
Можеш
Да се набљудуваш себе си
Во сите можни ситуации
Одеднаш.
Самиот да се шпиунираш
Себе си
И на ливче
Да си ја запишеш тајната
Како се создаваат нови универзуми
Кога ке се осмелиш
Да излезеш низ тоа дупче
Ке влезеш дирекно
Во нов универзум
Кој има дупче
И ти пак ке ѕиркаш
Низ него
Додека не се осмелиш да излезеш
Од него
И да влезеш во другиот
До бесконечно....
 
photography: Masao Yamamoto
 

 

0 коментара:

Постави коментар