недеља, 14. октобар 2012.


ЗАМЕНА

Луѓето сакаат
да одат
на Месечината.
Во растргнатост
меѓу копнежот и неможноста,
одат да ги гледаат
големите Молови.
Архитектите
на виртуелната реалност,
секавично брзо
смислуваат замени
кои го истиснуваат
првиот импулс
за истражување.
Таму секогаш
има нешто кое неможеш
да го имаш
-наместо копнеење.
Секогаш си мал
-наместо растење.
Секогаш си еден од другите-
-наместо припаѓање.
Во очите на жената,
која ги бришеше
нашите стапки
од белиот под,
ја видов можноста
да се гледаме во другиот
како во огледало,
додека се статира
во големото филмско сценарио.
p.s. Јас не сум
,,критичар на своето време,,
Јас сум надвор од времето....
ГЛЕДАМ

photo by Mirror House by EKKEHARD ALTENBURGER





0 коментара:

Постави коментар