ВО МОЈАТА ГЛАВА


Некој во мојата глава
кажува што мислат другите.
Некој во мојата глава се лути
на тоа кажување што мислат другите.
Верува дека навистина тоа го мислат другите.
Некој во мојата глава
налутено мисли за другите,
им враќа со луто мислење.
Некој во мојата глава
притиска.
Некој...се вика Отпор
И не е ,,другите,,
Некој кој не е ,,другите,,
и ми кажува што да мислам
во мојата глава
....
(или незнам каде е тоа што се вика,,мојата глава,,)
...
Некој е самоизмислен отпор,
Заради страв,
Кој исто така е самоизмислен.
Се е измислено.
Просто,кули во облаци...
Не постои ова,
кое се утврдило како конечно мислење
и се вика..ЈАС.

p.s.посветено на сите кои се викаат Јас...


Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa