ОСЛОБОДУВАЊЕ




Во мракот среде ноќ,
во полусон,
се фаќаме за раце,
како деца
кога поминуваат улица.
Ние сонуваме заедно...
Кога ми паѓа
трепка на образот
ти ја земаш
и хухкаме по трипати,
си замислуваме желби...
Дури и кога
меѓу прстите трепката ја нема,
нас желбите
секогаш ни се исполнуваат...
Ти ми читаш
од твоите омилени весници
на глас,
јас те учам како се праќа
електронска порака,
секогаш одново,
и на крај  го правам тоа
место тебе...
Ние разговараме
за вечноста,
нашите разговори
никогаш не завршуваат.
Јас ти правам слатки јадења
ти ми вариш најубаво кафе на светот.
Ме убеди дека ке ја
нарушам едноста,
и затоа си го сменив презимето.
Секогаш
се плашев
дека ќе се загубам себе си
во другиот..
Во тебе ја видов мојата загубеност
до крај...
Повеќе од ништо не се плашам.


http://cristinabarsony.com/illustration/





Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa

ЗДИВ НЕВИДЛИВ