уторак, 09. октобар 2012.


...НЕМА ДРУГО

Си разменуваат
неми погледи
минувачите на кејот,
секој е она што слуша.
Emy Winehouse 
е жива...засекогаш,
стоп-заклуч.
(во моите слушалки)
Вртат
вртат
вртат
тркалата на совршената машина
под небото...
Очите се камера
која го снима 
филмот ,,живот,,
Во него,
се капат 
вечерните светилки 
во реката,
а месечината им прави друштво.
Облаците патуваат
без цел
губрјќи се
во мракот.
Проста убавина 
се шири на сите страни
поаѓајќи од срцето.
Нема друго 
освен 
ОВА
што трае вечно.


photo:China on Wheels - Reflections
Walking the streets of Shekou, Shenzhen, China.
LEONARDO CORREA LUNA




0 коментара:

Постави коментар