СВРТЕНИ КОН СОНЦЕТО

Утро е.Ние сме веке на нозе.Растрчани сме по станот....алиштата се ставени во торба.Летаат зборови низ просторот и се плетат низи од планчиња и договори.Си ги пребројуваме мислите.Се од предвиденото е во колата,спакувано,и ние тргнуваме.Го предвидовме топлиот ден и затоа тргнуваме наутро.Патот е краток,но пејзажите кој ни ги нуди Овчеполието се за мене нужни знаци на животот.Летото е во својот зенит.Јули.Штурците уште рано си ја почнале со песна.Ние сме на пола пат,среде поле со сончогледи.Умните главички свртени сите кон сонцето.Рој пчели го посетиле утрово веселото друштво,и се работи со полна пареа....се собира мед.ТУКА Е ЖИВОТОТ.Околу снопови со сено.Жетвата е завршена.Небото е сеуште сино,наскоро синилото ќе побели,од јаката светлина Се напивме слики ова утро.Го продолживме патот покрај тутунските полиња,веке се берат првите листови.Пазарот крај патот е  преполн со плодови.Се е на своето место.Овие пејзажи ги следам низ сите сезони,преку целата година.Нивната сезонска промена ми дава спокој.ЖЕСКО Е....А зарем во лето треба да ни студи?:)))  

 

Коментари

Постави коментар

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa

ЗДИВ НЕВИДЛИВ