ЗДИВ НЕВИДЛИВ




Ми лекна малку.
Ко да родив.
Или ко шише вино кога ќе му ја извадат тапата
...не сум повеќе под притисок.
И ...
реката пак си тече во своето корито.
Промената си е промена,
никој не и се противставува,
дури и некои попатни слапови
не се знаци на застрашувачки отпор.
И отпорот стана природна сила
која само ја прави реката река
и течењето течење.
Чудесноста на преобразбата на перцепцијата,
промена на аголот на гледање и...
сликата е сосем некоја друга.
Погледни го светот од сите страни
ќе се видиш себе си целосно
без да замижуваш
на деловите од филмот кои некогаш те застрашувале
ти си едно големо се(што)
нешто
ништо
кое само е
без да се именува.
здив...невидлив

 

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa