ПИСМО ДО МАЈКА МИ


 
 
 
 
 
 
 
Здраво  мамо.

Еве решив

Да ти напишам писмо.

Јас сум добро ,мамо.

Вчера наполнив 37 години

И за среќа

Сеуште сум дете,мамо.

Како што стојат работите

Тоа нема изгледи  да се смени.

Ова е факт кој нема да те вознемири

Освен ..да те охрабри,мамо.

 

Се сеќаваш ли,мамо,

Кога си играв со дедо Ганди

Во песокта?

Толку  ме љубеше тој

Што успеа да ме научи

Да немам потреба од војна

Така што

Јас ке бидам промената

Која ја очекувам од другите.

 

Потоа,мамо,

Се секаваш ли кога

Еднаш Исус им се искрадна на мајка му и татко му

Во храмот

И си играше со нас.

Уште тогаш рече

Дека сите ние сме

Браќа

Едни со други

И дека по љубовта се познаваме.

Нема други разлики меѓу нас.

Се сеќаваш ли ко вчера да беше,мамо,

Како се смеевме на балконот

Седнати со Него

Додека заоѓаше сонцето

И како Тој ни раскажуваше

Дека ич не боли ако те удрат.

А за да ни покаже , утредента,

петок беше,пазарен ден,

Даде да го распнат.

Ама ние не се вознемиривме.

Оти како што кажа,многу скоро,

Тој воскресна.

 

Се сеќавам,а може ќе се сетиш и ти ,мамо,

Кога кај нас свраќаше

Принцот Сидарта.

Веќе во стари години беше,

Ни раскажуваше ,мамо,

Оти еднаш тој кога се разбудил,сватил:

Се ова овде

Е само измислено во нашите глави

И ние всушност

Војуваме со нашите мисли.

 

Се паметам

Мила моја мамичке

Сите наши игри

Седенки и патешествија

Залудните вакцини

И сите детски болести кои не не одминаа.

Ја спознавме болката,мамо....

Но секогаш не спасуваше

Љубовта,мамо,

Не  вистината,мамо.

 

Ете мамо

Не ти ги споменувам овие сеќавања

За да те вратам во времето.

Ти приспомнав,мамо,

Оти кога се сеќавам на тоа ,

Шетам  низ Вечноста,мамо.

 

Те сака....мамо

Коментари

Популарни постови са овог блога

ДВОБОЈ

NE ZNAM KOLIKO DUŠA IMAM - Fernando Pesoa